Советот на Општина Дебар ги верификува мандатите на двајцата нови советници

45

На денешната шеста редовна седница на Советот на Општина Дебар, верификувани беа мандатите на двајцата нови советници, а беа разгледани и други прашања од негова надлежност.

Нови членови на Советот се Емин Врзиволи од Алтернатива, кој доаѓа на местото на Џемаил Чупи и Блерон Дема, од Алијансата за Албанците кој го зазема местото на доктор Арбен Аголи,

Двете советнички столчиња останаа празни откако советникот од Алтернатива, Џемаил Чупи, беше избран за министер без ресор задолжен за дијаспора, додека советникот од Алијанса за Албанците, Арбен Аголи се откажал од мандатот поради, како што изјави големите професионални обврски како лекар педијатар во неговата приватна амбуланта.

Советниците го разгледа и усвоија извештајот за активностите на Територијалната противпожарна единица за минатата, како и програмата за оваа година.

Според извештајот, ТПП единица имала 128 интервенции или четири помалку од претходната година. Од нив 108 се пожари, од кои 24 се на објекти додека 84 на отворен простор, четири интервенции гаснење на пожар на сообраќајно средство како и 16 други технички интервенции. Вон оваа бројка се и повеќето интервенции во градската депонија.

Четиринаесетте дебарски пожарникари интервенираат и во општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река, но по потреба, од хуманитарен аспект и во пограничниот појас на албанска страна, што е во рамки на воспоставената соработка меѓу општините, Дебар и Пешкопеја.