Советот на Неготино ги поништи одлуките за изградба на депонија за индустриски отпад

96

Одлука за поништување на одлуките кои се однесуваат за урбанистички план и согласност за изградба на депонија за индустриски инертен неопасен отпад, попладнево едногласно донесе Советот на Општина Неготино. Се работи за одлуки од 2009 и 2019 година.

Градоначалникот и Советот на општината, беше речено на седницата, ја почитуваат волјата на неготинци и иницијативата против депонија, која ја покрена Здружението на граѓани „Ековита”. Одлуките се поништуваат сега, беше додадено, за да се избегнат правни и финансиски штети и последици врз општината.

Расправата по точката која беше вметната во дневниот ред пред стартот на седницата, траеше околу три часа.

Околу иницијативата за референдум, поднесена од „Ековита”, беше најавена точка на дневен ред во рамките на следната седница.