Советот за безбедност ќе заседава во сабота, кога на полноќ истекува и вонредната состојба во земјава, дознава весникот ВЕЧЕР од официјални извори од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Веднаш по седницата на Советот за безбедност ќе биде соопштено дали претседателот ќе ја продолжи вонредната состојба за нови 14 дена , или таа ќе биде укината.

Според информации од двете најголеми партии, доближување на ставовите околу датумот за изборите, се уште нема. Според Уредбата за изборите тие треба да се  оддржат во рок од 22 дена од завршување на вонредната состојба.

Како и да е во сабота ќе мора да се пресече или ново продолжување, за нови 7, 14 дена, во зависност од договорот меѓу политичките партии за датумот за избори, или изборите ќе се оддржат на 21 јуни. Овој датум е неприфатлив за најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, додека од ДУИ е прифатлив 5 јули како датум за гласање. За да се оддржат изборите на овој датум, ќе биде потребно продолжување на вонредната состојба за нови 14 дена.

В.М.Б.