Советодавни денови на Германското пензиско осигурување

84

Германското пензиско осигурување во текот на наредниот месец ќе организира советодавни денови во Македонија.

Како што информираат од Германската амбасада во Скопје, во индивидуален разговор засегнатите лица ќе ги добијат сите информации во врска со германското и македонско пензиско право.

Советодавните денови ќе се одржат во Скопје во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на 5 ноември, а следниот ден, на 6 ноември во Струмица, исто така во пензискиот Фонд.

Институции кои ќе усчествуваат во овој настан се Германското пензиско осигурување Bayern Süd, Сојузното германско пензиско осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ).