Советникот за безбедност на Бајден бара ослободување за Навални

48

Алексеј Навални, кој вечерва беше уапсен по пристигнувањето во москва, мора итно да биде ослободен, порача Џејк Саливен, идниот советник за безбедност на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.

„Нападите на Кремљ на Навални не се само кршење на човковите права, туку и навреда на рускиот народ кој сака да се чуе и неговиот глас“, наведе Саливен.

Руската полицијаго приведе Навални на аеродромот „Шереметјево“ додека се подготвуваше да помине пасошка контрола.

Заводот за извршување санкции соопшти дека Навални ќе биде во затвор до наредна одлука.

Навални одлучи да се врати во Русија иако знаеше дека може да биде уапсен.

Противникот на Кремљ престојуваше во Германија откако во август беше затруен со „новичок“.

Навални го обвини претседателот на Русија Владимир Путин дека наредил да го отрујат и да го убијат. Кремљ ги отфрли обвиненијата.

Извор:thehindu.com