Тиквата е широко одгледуван зеленчук, неверојатно богат со виталните антиоксиданси и витамини. Иако овој скромен зеленчук во дворот е нискокалоричен, сепак, е преполн со витамин А и со флавоноидни полифенолни антиоксиданси, како лутеин, ксантин и каротин во изобилство

Марија СОКОЛОСКА

Ми пристигна убава фотографија од една клиентка што направила преубава пита со тиква. Тоа ме инспирираше да напишам една колумна токму за тиквата.
Тиквата е широко одгледуван зеленчук, неверојатно богат со виталните антиоксиданси и витамини. Иако овој скромен зеленчук во дворот е нискокалоричен, сепак, е преполн со витамин А и со флавоноидни полифенолни антиоксиданси, како лутеин, ксантин и каротин во изобилство.
Тиквата е брзорастечка лоза, која лази по површината на сличен начин како и останатите зеленчук и овошје од семејството Cucurbitaceae, како што се краставицата, тиквата, дињите итн. Таа е една од најпопуларните култури што се одгледуваат низ целиот свет.

Плодовите се многу различни по форма, големина и по боја. Џиновските тикви тежат од 4 до 6 кг, а најголемата може да достигне тежина од повеќе од 25 кг. Тиквите со златна грутка се рамни, помали и имаат слатка, кремаво-портокалова боја на месото.
Тиквите, генерално, имаат портокалова или жолта боја на кората; сепак, некои сорти може да имаат од бледо до темнозелена, кафеава, бела, црвена и сива боја. Жолто-портокаловите пигменти во голема мера влијаат на карактеристиките на бојата во нивните кора и пулпа. Густата кора е мазна со лесни, вертикални вдлабнувања.
Во структурата има од златножолто до портокалово месо, во зависност од полифенолните пигменти. Плодот има шуплива средина, со бројни мали, бели обоени семчиња прошарани во структура слична на мрежа. Семките од тиква се одличен извор на протеини, минерали, витамини и на омега-3 масни киселини.

Нутритивни вредности на тиквата
Таа е една од многуте нискокалорични плодови. Во сто грама има само 26 калории и не содржи заситени масти или холестерол; сепак, богата е со диетални влакна, антиоксиданси, минерали, витамини.
Тиквата е складиште на многу антиоксидантни витамини, како што се витамините А, Ц и Е.

Топ 5 здравствени придобивки од тиквата

Го одржува здравјето на кожата
Тиквите се преполни со хранливи материи погодни за кожата, вклучувајќи ги витамините Ц и Е, како и бета-каротинот, и сите играат важна улога за здравјето на нашата кожа. Витаминот Ц не е природно создаден од телото, па затоа е важно да го добиваме од исхраната, бидејќи тој игра важна улога во формирањето на колагенот. кој ја одржува кожата цврста, а витаминот Ц помага да се спречат модринките и да се забрза зараснувањето на раните. Витаминот Е е одличен антиоксиданс и со витаминот Ц ја штити кожата од оштетувања од сонцето и од сувост. Витаминот А, исто така, е вклучен во заштитата на кожата од сончевите УВ-зраци и може да помогне во заштитата од изгореници, иако кремот за сончање сè уште е потребен.

Може да го подобри здравјето на очите
Ниското ниво на витамин А е поврзано со намален вид, па дури и со слепило. Бета-каротинот, како и витамините Ц и Е, помагаат во заштитата на очите и го намалуваат ризикот од очни болести поврзани со возраста. Тиквата е, исто така, одличен извор на два каротеноида, наречени лутеин и зеаксантин, чии нивоа се поврзани со намалениот ризик од катаракта.

Позитивно влијае на имунолошкиот систем
Како што покажува нивната светлопортокалова боја, тие содржат бета-каротин, кој се претвора во витамин А кога се внесува. Истражувањата покажаа дека витаминот А игра важна улога во промовирањето на имунолошката функција. Витаминот Ц, исто така, придонесува за имунолошката активност, што ја олеснува активноста на имуните клетки и ги зголемува белите крвни зрнца.

Помага во намалувањето на ризикот од метаболички синдром
Метаболичен синдром е медицинскиот назив за комбинацијата на состојби, вклучувајќи дијабетес, дебелина и висок крвен притисок. Збирно, овие состојби го зголемуваат ризикот од коронарна срцева болест и од мозочен удар.

Може да помогне во спречувањето рак
Иако не постои единствена „суперхрана“ што може да го спречи ракот и одредени фактори на ризик не се поврзани со исхраната, постојат докази дека здравата исхрана може да го намали ризикот од рак. Покрај ова, антиоксидансните својства на каротеноидите, витамините А и Е, кои се наоѓаат во тиквата, може да штитат од одредени видови рак, како што е ракот на дојката.

Дали тиквата е безбедна за секого?
Генерално, безбедна е за повеќето луѓе. Има поединци што може да добијат алергија на тиква. Ова може да се должи на вкрстената реакција со други плодови од истото семејство Cucurbitaceae.

Се чини дека хемикалиите во семките од тиква имаат диуретично дејство и консумирањето големо количество еднократно може да го зголеми количеството течност и електролити, кои се елиминираат во урината. Ако земате одредени препишани лекови, вклучително и литиум, треба да се обратите кај вашиот општ лекар или здравствен работник за дополнителни совети.
Исто така е одличен извор на многу природни полифенолни флавоноидни соединенија, како α, ß-каротени, криптоксантин, лутеин и зеаксантин. Каротените се претвораат во витамин А во човечкото тело.
Зеа-ксантинот е природен антиоксиданс кој има дејство на филтрирање на УВ- зраците во макулата лутеа во мрежницата на очите. Така, може да понуди заштита од макуларна болест поврзана со возраста (ARMD) кај постарите возрасни лица.
Тиквата, исто така ,е богат извор на минерали, како бакар, калциум, калиум и фосфор.

Семки од тиква
Семките од тиква се навистина одличен извор на диетални влакна и на мононезаситени масни киселини, кои се добри за здравјето на срцето. Исто така, семките се концентрирани извори на протеини, минерали и на витамини, кои се корисни за здравјето. На пример, 100 г семки од тиква обезбедуваат 559 калории, 30 г протеини. Понатаму, тие се одличен извор на аминокиселината триптофан, која го поттикнува здравјето.