Совети на нутриционистка од Лондон специјално за ВЕЧЕР: Јадете чоколадо – и слабејте!

164

Јадењето неколку коцки темно чоколадо секој ден може да ви помогне да
го избегнете искушението да се препуштите на поголеми количини други
ужини што може да содржат поголеми количини шеќер што придонесуваат за зголемување на телесната тежина.

Дали сте и вие една од многуте што мислите дека јадењето на чоколадо ја
покачува телесната тежина? Денеска ќе ви дадам аргументи со кои ќе го
докажам спротивното и, секако, придобивките од јадење на чоколадо. Сигурно
ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека јадењето малку чоколадо може да
ви помогне да ги постигнете вашите цели – да слабеете.

Иако чоколадото почесто се поврзува со зголемување на телесната тежина
отколку со намалување на несакани килограми, вистината е дека всушност
можете да изгубите од тежина и кога јадете чоколадо. Како и за повеќето
работи во животот, умереноста е клучот за ефективен план за слабеење со
чоколадо.

Дали темно чоколадо е добро за вас? Многумина од нас имаат немилосрдни
желби за слатко чоколадно уживање. Консумирањето мали количини темно
чоколадо може да ги задоволи интензивните желби што на крајот доведуваат
до прекумерна изедена количина.

Јадењето неколку коцки темно чоколадо секој ден може да ви помогне да го избегнете искушението да се препуштите на поголеми количини други ужини што може да содржат поголеми количини шеќер што придонесуваат за зголемување на телесната тежина.

Чоколадото исто така може да го намали индексот на телесна маса. Многу од
нас како нутриционисти, лични тренери и здравствени работници користиме
индекс на телесна маса (БМИ) за да одредиме дали сте со идеална тежина. БМИ
се пресметува со делење на тековната тежина во килограми со квадратот на
вашата висина во метри. БМИ од 25 до 29,9 е класифицирана како прекумерна
тежина, додека 30 или поголема се смета за дебелина. Досега истражувањата
покажаа дека честото консумирање на мали количини темно чоколадо може да
помогне да се намали бројот на БМИ со текот на време.

Со внесување на темно чоколадо се намалува стресот. Зголемувањето на
телесната тежина може да биде предизвикано од стрес. Дали знаевте дека
високи нивоа на стрес може да доведат до зголемување на телесната тежина?

Стресот предизвикува скок на нивото на кортизол, стероиден хормон кој го
зголемува шеќерот во крвта, го потиснува имунолошкиот систем и го олеснува
метаболизмот на маснотиите. Невообичаено високите нивоа на кортизол го
стимулираат апетитот, па дури и може да доведат до прејадување кај некои
луѓе.

Консумирањето темно чоколадо го зголемува нивото на ендорфин и
серотонин во мозокот што може да помогне да се намали чувството на
вознемиреност. Размислете да внесете малку темно чоколадо во вашиот план
за справување со стресот.

Исто така јадењето на темно чоколадо, всушност, може да го забави
дигестивниот процес и да ве натера да се чувствувате сити подолго време.
Следствено, може да биде помала веројатноста да се прејадете за време на
оброците. Темното чоколадо е полно со мононезаситени масни киселини кои се
од растително потекло кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам и ќе ви
помогнат да согорите калории и маснотии.

Тие исто така можат да помогнат во намалувањето на желбата за други слатки или солени ужини. Друга придобивка од губење на тежината со чоколадо е тоа што најверојатно ќе излезете од дома и ќе почнете да се движите. Не е тајна дека вежбањето е важна компонента на секој план за губење на тежината, но исто така е и
област која многу режими ја сметаат за најголем предизвик.

Темното чоколадо содржи антивоспалителни својства кои можат да направат вашето тело да се чувствува подобро. Може да почувствувате помала болка за време и после
вежбањето. Кога се чувствувате добро, најверојатно ќе започнете да се држите
до планот за вежбање.

Разбравте, дека не значи дека не можете да јадете чоколадо ако се обидувате
да изгубите тежина. Не треба целосно да ја исклучите храната што ја сакате за
да ослабите. Всушност, елиминирањето на вашата омилена храна може да ве
натера да се откажете од целта да изгубите тежина.

Како да додадете чоколадо во вашата исхрана?

Значи, држете се до темно, полуслатко чоколадо богато со какао. Но, бидете
свесни за големината на порцијата и вкупниот внес на калории: јадете мало
парче. Мало парче темно чоколадо (7,6 g) има 40 калории.
Направете топло какао и уживајте. Запомнете, губење на тежината со чоколадо
е можно – само не претерувајте!