Собраќајка кај Кичево, почина моторциклист

114

Едно лице загина во сообраќајка во близина на село Другово, на патот Кичево-Охрид што се случи пред околу еден час помеѓу мотор и тешко товарно возило.

Од СВР -Охрид информираат дека се работи за тешка сообраќајка помеѓу мотор и тешко товарно возило, во која моторциклистот починал.

Медицинска екипа како и МВР се излезени на терен. Со деталите за собраќајката МВР ќе излезе во текот на утрешниот ден.

Поради случената сообраќајна несреќа на патот кон Охрид, пред клучката што ги поврзува Демир Хисар и Битола, сообраќајот е во прекин.