Собрани 235 илјади евра од продажба на пластични кеси по 15 денари

371

Државата преку фондот на Министерството за животна средина собрала 235.000 евра за еден месец од парите што трговците ги уплатувале од продажбата на пластичните кеси по 15 денари. Оваа мерка стапи на сила од 1 декември 2021 година.

Како што информираше министерот за животна средина, Насер Нуредини, за десет пати е намалена употребата на пластични кеси откако стапи на сила новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Тој е задоволен од резултатите и потенцира дека граѓаните се повеќе пазаруваат со платнени торби.

Нуредини најави дека се подготвува план во какви еколошки проекти ќе бидат вложени собраните пари во еколошкиот фонд.