Собранието ќе се состане со одлука на Уставниот суд?

159

 

Уставниот суд, следната недела на седница треба да ја разгледа уставноста на двете одлуки на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба на иницијатива на партијата Левица.

Од друга страна, телевизија Алсaт, објави неофицијално дека судот може наскоро да ја оценува и уставноста на распуштањето на Собранието. Целта зошто се распушти Собранието не е реализирана и сите рокови за изборите се пробиени, па и самиот изборен ден, 12 април. Ова значи дека причините поради кои Собранието беше распуштено веќе не важат.

Пред една недела Уставен одлучи дека нема основа да ја разгледува иницијативата за оценка на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на 16 февруари. Но, сега ситуацијата е променета и согласно тоа, судот се очекува уште еднаш да му се наврати на ова прашање. Тоа евентуално би му го отворило патот на Собранието да се врати на работа само два дена за да ги потврди одлуките за вонредната состојба и да даде оценка за создавањето на услови за нови избори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери неодмна се изјасни дека нема да свика собраниска седница, откако од него тоа го побараа 35 пратеници. Џафери не ја испрати иницијативата до останатите пратеници, и  го обвини СДСМ дека му прави пуч во Собранието, кое е веќе распуштено.

Пратениците со иницијативата предложија свикување на седница, со две точки со кои ќе се потврдат двете одлуки на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба, од 18 март и од 16 април.