Собранието остана без еден потпретседател

125

Собранието на Република Северна Македонија на денешната 104. седница ја констатираше оставката на потпретседателот и пратеник од НДП Весел Мемеди. Во личното обраќање до пратениците Мемеди ја обраложи оставката и кажа дека оваа одлука не се должи на негова моментална реакција по реконструкцијата на Владата, туку дека за тоа има многу подлабоки причини.

Мемеди ги критикуваше сега веќе поранешните коалициски партнери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Зоран Заев за начинот на кој биле реализирани договорите за последната реконструкција на Владата и одземањето на министерската функција во Министерството за локална самоуправа чиј тогашен министер беше Сухејл Фазлиу, како и за начинот на нивното владеење.