Одбележување на Меѓународниот ден на ретките болести:Собранието осветлено во сина боја

27

Собранието вечерва беше осветлено во една од боите на ретките болести, односно во сина боја, со што се приклучи на одбележувањето на Меѓународниот ден на ретките болести, а во знак на поддршка на преку 300 милиони лица кои живеат со некоја ретка болест, соопшти собраниската прес-служба.

Собранието, како дом на граѓаните ја дава својата силна поддршка, затоа што силно верува дека сите граѓани на светот имаат исти права на оваа планета и со заеднички труд на сите може да се промени многу. Ретките се многу! Ретките се силни! Ретките се моќни!, информираат од собраниската прес-служба.