Собранието избира нов заменик-министер за здравство

91

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека не треба нов заменик, туку нов министер за здравство, бидејќи како што рекоа, работата на Венко Филипче е скандалозна и на сите анкети граѓаните се незадоволни од неговата работа.

Премиерот Зоран Заев го предложи д-р Арменд Арслани, специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.