Снимката на Тина Тарнер и Шер која ги засмејува фановите веќе 15 години/ВИДЕО

2427
Фото: screenshot youtube

Тина Тарнер, музичка легенда и жена со неверојатна кариера и енергија, почина на 83-годишна возраст во Цирих. По осум студиски албуми и концертни активности во осмата деценија од животот, таа ќе остане запаметена како една од најомилените музички ѕвезди што ја обожаваа нејзините колеги.

Еден од најпопуларните видеа на Тина Тарнер кој во последните години постојано кружи на сите социјални мрежи е снимката од шоуто на Опра Винфри. Пејачката и нејзината колешка Шер гостуваа кај познатата водителка и зборуваа за нивните неверојатни кариери. Имено, во видеото Тина Тарнер има 61 година, а Шер 68 години.
Кога Опра Винфри изјави дека е неверојатно што сè уште ја работат истата работа, со ист интензитет, како кога имаа дваесетти години, и дека ја интересира како се чувствува „кога ќе остареат“, Шер се пошегува: „ Мислам дека е ср.њ.е.“ а публиката и Тина Тарнер не можеа да престанат да се смеат.

„А што е со мудроста…“, продолжи Опра, а Шер дофрли за.би го тоа, што ја насмеа публиката уште повеќе и Тина Тарнер, која се согласи дека староста и годините не носат ништо спектакуларно.

Тина Тарнер и Шер за прв пат настапија заедно на 27 април 1975 година во шоу програмата „The Cher Show“ и останаа најдобри пријатели во текот на нивната кариера.

Шер се уште не проговорила за смртта на Тина Тарнер, но сигурно е дека ќе има многу да каже за саканата музичка ѕвезда.