Селин Дион ќе се појави во новата романтична драма “Text for You” (Текст за тебе), во која ќе соработува со Сем Хјуган и Пријанка Чопра Џонас, пишува „Вараети“. Овој филм е римејк на германското остварување „SMS Fur Dich“, базиран на книгата на Софија Крамер.

Заплетот на филмот ја донесува приказната за жена која по трагичната смрт на нејзиниот сопруг продолжува да испраќа пораки на неговиот стар мобилен телефон. Наскоро открива дека бројот сега го користи човек кој живее на другата страна на градот и кој исто така страда од невозвратена љубов.

Џим Строус е задолжен за режијата, а за продукцијата Базил Иваник, Ерика Ли и Естер Хорнштајн.