На планината Рила во Бугарија падна снег, објави Метео Балканс на својата Фејсбук страница.

„Тивко врне јулскиот снег. Мусала е облечена во бело“, напишаа Метео Балканс.

На Балканот се случувало да падне снег во пролетните месеци, во април или мај, но сред лето е невообичаено.

Студено време и дожд ја изненади цела БУгарија. За целата територија на државата важи портокалов и жолт аларм за обилни врнежи. На некои места наврнаа над 60 литри на метар квадратен.