Снег на плажите во Аргентина

103

На плажите во јужниот дел на Аргентина, во градот познат под името „градот на крајот од светот”, падна снег.
Фотографот Себастијан Инглесес на својот Фејсбук профил објави снимка од невремето во градот Ушуаја.
Ушуаја е главен град на аргентинската провинција Огнена Земја, која го доби името од страна на португалскиот истражувач Фернандо Магелан, а некое време таму престојуваше и познатиот научник Чарлс Дарвин.