Утринава во Гевгелија, починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата, обвинителката Вилма Рускоска посочи дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката.

-Ова нема да влијае на нашето барање за притвор на Јанева, а што ќе одлучи судот ќе знаеме подоцна, велат од ОЈО за весникот „Вечер“.

Катица Јанева беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде се вршеше претрес на најзината работна просторија.

ОЈО на прес конференција соопшти дека доставило предлог за нејзин притвор.

ПРЕТХОДНО:

Катица Јанева одведена со полициска придружба

Обвинителството потврди: МВР ја уапси Катица Јанева

ОБНОВЕНО: Обвинителството потврди: МВР ја уапси Катица Јанева

Претрес во СЈО и во домот во Гевгелија

ЈО побара 30-дневен притвор за Катица Јанева

Јанева со полициска придружба го напушти СЈО

Русковска: Освен Јанева, нема други приведени