Смилевски положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

127

Градоначалникот на Општина Бутел,  Велимир Смилевски денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во  двор на истоименото училиште во селото Љубанци, информираат од Општината.

Оттаму додаваат дека навршуваат 117 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, идолот на денешните и идни генерации.

Гоце Делчев останува запаметен како визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.