Сметководителите реагираат на кратките рокови за финансиски извештаи и завршни сметки

42

Комората на сметководители денеска ќе информира за состојбата во која се наоѓаат сметководителите поради кратките рокови за поднесување на финансиските извештаи и завршните сметки и ќе ги презентира проблемите што може да произлезат од операционализацијата на петтиот пакет економски мерки.
Сметководителите во неколку наврати досега бараа пролонгирање на роковите за поднесување на финансиските извештаи и завршните сметки согласно можностите што ги дава Законот за трговски друштва.
На прес-конференцијата најавено е обраќање на претседателот и на потпретседателката на Комората, Драган Митковски и Ана Тасевска.