Сметките за струја пониски поради намаленото ДДВ, а цената ќе се покачи за 12,36 отсто

Граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за струја поради намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто, а цената на струјата без ДДВ ќе се зголеми за 12,36 отсто. Тоа значи дека од побараните 50 денари зголемување на сметка од 1.000 денари од страна на енергетските компании Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги одобри само 6 денари

200

Граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за струја поради намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто, а цената на струјата без ДДВ ќе се зголеми за 12,36 отсто. Тоа значи дека од побараните 50 денари, зголемување на сметка од 1.000 денари од страна на енергетските компании Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги одобри само 6 денари. На останатите елементи од крајната цена РКЕ нема влијание, а тоа се увозот на струја кој во првите шест месеци изнесувал 32 милиони евра, маржата на ЕВН ХОМЕ, трошокот за обновливи извори на енергија кој е зголемен за 1,5 милиони евра и цената на ЕСМ, која во просек е зголемена за 2,5 отсто.

Како што изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија. Според него, намалувањето на ДДВ-то е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија.

-Со донесената одлука се гарантира сигурно и стабилно работење на преносната и на дистрибутивната мрежа. Во оној дел кој го регулира РКЕ, а се однесува на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија, компаниите збирно побараа зголемување од 50 денари на сметка од 1.000 денари. Врз основа на нашите пресметки, кои ги направивме изминатиот период, Регулаторната нивните барања ги сведе на 6 денари на сметка од 1.000 денари. Што се однесува до МЕПСО вкупните трошоци кои се одбиени за три години изнесуваат 11,6 милиони евра, а на Електродистрибуција 12,9 милиони евра. РКЕ, исто така, одобри и инвестиции за период од три години и тоа во преносната мрежа 60 милиони евра, а во електродистрибутивната мрежа 124 милиони евра или вкупно 184 милиони евра. Веруваме дека ова ќе доведе до зголемување на квалитетот на испорачаната  електрична енергија, изјави Бислимовски.

РКЕ во МЕПСО ги замрзна вработувањата и одобри вработувања исто како во 2018 година, односно 569 вработувања. Од Регулаторна сметаат дека ова е оптимален број со кој може да работи МЕПСО, а доколку имаат потреба од нови вработувања тие може да ги реализира од својот профит.

Бислимоски информираше дека во РКЕ нема влијание на увозот на струја кој во првите шест месеци изнесувал 32 милиони евра, маржата на ЕВН ХОМЕ, трошокот за обновливи извори на енергија кој е зголемен за 1,5 милиони евра и цената на ЕСМ, која во просек е зголемена за 2,5 отсто.

-Во првите шест месеци од годината 70 отсто од електричната енергија обезбедени се од ЕСМ по цена од 38,8 евра, а следните шест месеци 100 отсто ќе бидат обезбедени од ЕСМ по цена од 36,1 евро. Кога ги анализираме цените на ЕСМ ние ги реализираме на годишно ниво и цената на ЕСМ во 2021 година споредена со просечната во 2020 година е повисока за 2,5 отсто. Сите овие елементи на кој РКЕ нема влијание изнесуваат 40 милиони евра кој правеа сериозен притисок врз цената на електричната енергија, но со намалувањето на ДДВ граѓаните ќе имаат незначително пониски сметки, изјави Бислимоски.

Енергетските компании не се задоволни од одлуката на РКЕ и во наредниот период може да поднесат жалби кој според првиот човек на Регулаторна нема да бидат усвоени.

(А.С.)