Сменет стадионот за финалето на Светското клупско првенство

113

Финалето на Светското клупско првенство на ФИФА нема да се игра на стадионот „ Education City” во Доха, објави ФИФА.

Новоизградениот стадион во Доха, каде требаше да се одигра мечот за трофејот овој месец, сè уште не е лиценциран и нема да може да го прифати натпреварот.

Изградбата на објектот е завршена, но постапката за овластување траеше подолго, поради што отворањето на стадионот е одложено до почетокот на 2020 година.

Поради оваа причина, полуфиналето во кое учествува Ливерпул, финалето и мечот за третото место ќе се одигра на стадионот „Калифа” во Доха.

Светското клупско првенство ќе се одржи помеѓу 11 и 21 декември.