Слушнете го џез синглот на Тони Бенет и Лејди Гага/ВИДЕО

318

Првиот сингл на Лејди Гага и Тони Бенет од нивниот дует албум, кој ќе излезе во октомври оваа година, беше официјално објавен синоќа.

Името на синглот е „I Get A Kick Out Of You“, и е обработка на познатиот хит на Френк Синатра.

Албумот наречен „Love for sale“ ќе излезе на 1 октомври годинава, а содржи многу аранжмани на култни џез -песни.

Ова воедно е третпат Бенет и Гага да работат заедно на нова музика. Првично снимија сингл во 2011 година, а во 2014 година објавија заеднички дует албум „Cheek to cheek“, кој исто така ја освои Греми наградата за најдобар поп вокален албум.

Слушнете го синглот подолу.