„Слушнав вресоци, плач и видов лица црни и облеани со крв“ – вели очевидец кој прв пристигнал на местото на несреќата

2070

Валентин Георгиев, е првиот кој пристигнал на местото на големата автобуска несреќа и трагедија на автопатот „Струма“, уште пред да дојдат полицијата и пожарните возила и тој им помагал на преживеаните од катастрофата.

Во понеделник вечерта Георгиев, кој работи како курир и вози камиот, патувал од Софија до Благоевград, а за бугарската телевизија Нова раскажа за хоророт што го видел на местото на несреќата.

„Најпрво мислев дека шумата гори. Пламените јазици беа огромни. Ако не се лажам сигурно беа два-три метри. Силен пожар“, вели Георгиев.

Кога се приближил, видел автобус како гори. Тој е и првиот очевидец на трагедијата, уште пред да пристигнат полицијата и противпожарната бригада.

„Камионот ми беше на стотина метри од запалениот автобус. Кога се симнав, ги слушнав вресоците. Преживеаните врескаа и плачеа. Лицата им беа облеани во крв, црни “, се сеќава Георгиев.

Тој побрзал да помогне. Првото нешто што го здогледал е момче кое се обидувало да ја спаси својата девојка.

„Викаше: „Полиција, полиција“. Ја носеше девојката во раце. Мислам дека имаше повреда на ногата бидејќи куцаше. И ја испушти на патот. Ја преместив девојката до крајот на автопатот. Мислам дека и беа скршени нозете. Мажот беше без чорапи, бос. На другата девојка и беше ладно, и дадов јакна да се стопли. Им дадов вода“, вели Георгиев.

Еден од мажите викаше „сине, сине“, очигледно неговиот син бил во автобусот. Тој дури почна да влегува, но јас го спречив. Единственото нешто што можеше да се слушне од автобусот беше како стаклата се кршат од самата температура и како гореше “, додаде човекот.

Полицијата и пожарната доше после ооколу 20 минути, а потоа и брзата помош.

„Несреќата, како што вели Георгиев очигледно се случи 10-15 минути пред да стигнам таму. Веројатно сите беа веќе или задушени или мртви. Трчав до камионот по вода, по цигари, по јакни, постојано трчав“.