Словенија ќе прогласи крај на епидемијата со Ковид-19

54

Во Словенија во изминатите 24 часа регистрирани се само 24 новозаболени лица со Ковид-19  од 1.023 тестирани, поради што Владата одлучи од утре да не ја продолжи состојбата на епидемија.

Но, и покрај тоа словенечката Влада одлучи во сила да останат дел од епидемиолошките мерки.

Додека Словенија не влезе во „зелена фаза“ според критериумите на Европскиот центар за контрола на болестите (ЕЦДЦ), што се очекува на крајот од јуни или почетокот на јули, задолжително ќе биде носењето маски во затворен простор.

Во сила останува и ограничениот број на присутни лица во затворени простории, а за присуство на концерти и други настани и понатаму ќе бидат потребни негативен тест на Ковид-19 или доказ за вакцинација.

Словенечката Влада уште еднап апелираше до граѓаните да се вакцинираат.