Словенија со највисока просечна плата во Регионот

122

Словенија има највисока просечна плата во Регинот. Платите во јавниот сектор во оваа европска земја се зголемиле за 4,5 проценти, додека во приватниот сектор се бележи зголемување на платите од 3,3 проценти.

Просечната плата во јуни годинава била 1.107, 96 евра, но во споредба со месец мај од тековната година е забележан благ пад на просечната нето плата од 0,8 отсто.

Во јавниот сектор просечна плата во јуни изнесувала 1.306 евра, а во приватниот сектор во истиот месец просечната плата изнесувала 1.016 евра.