„Проширувањето е многу деликатно прашање за ЕУ, која е поделена околу потребата од проширување и брзината со која треба да им се дозволи на земјите да се приклучат на блокот“, пишува Фајненшл тајмс, додавајќи дека Унијата е под притисок да ги продолжи преговорите за проширување со балканските земји, кои се вртат и кон поблиски врски со Кина и Русија. Самитот ЕУ-Западен Балкан се одржува во Словенија на 6 октомври. „Ова не е одлучувачки Самит, ова е политички самит посветен на Западен Балкан… Јас верувам дека со соодветни формулации на реченици со конкретни гестови, ќе се испрати порака за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и ќе биде јасна“, изјави вчера премиерот Заев и додаде: „Изјавата на мојот колега, премиерот Јанев ја прифаќам како добра, позитивна порака”.

Словенија, актуелниот претседавач на ЕУ, предложи Унијата да се прошири на целиот Западен Балкан до крајот на деценијата, а тоа го изнесе во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан, пишува Фајненшл тајмс.

Предлогот за брз прием на земјите, меѓу кои е и Македонија, бил даден пред три дена на состанокот на амбасадорите во Брисел, и наишол на вџашеност кај другите земји членки на Унијата.

Некои го опишаа предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот.

„Проширувањето е многу деликатно прашање за ЕУ, која е поделена околу потребата од проширување и брзината со која треба да им се дозволи на земјите да се приклучат на блокот“, пишува весникот, додавајќи дека Унијата е под притисок да ги продолжи преговорите за проширување со балканските земји, кои се вртат и кон поблиски врски со Кина и Русија.

По брзото проширување кога ЕУ прими 13 земји во периодот од 2004 до 2013 година, поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека нема да има прием пред 2019 година, а земјите што бараат прием стануваат сѐ понетрпеливи, бидејќи Брисел продолжува да одложува.

Самитот ЕУ-Западен Балкан се одржува во Словенија на 6 октомври, а на него ќе учествуваат лидерите на земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, вели Фајненшл тајмс.

Според весникот, дипломатите од земјите членки што сакаат Брисел да ги забрза преговорите со Западен Балкан, главно од истокот и југот на ЕУ, се за „амбициозен“ наратив на самитот за приклучувањето, но признаа дека поставувањето цврст рок е политички експлозивно прашање..

„Потребна ни е декларација, тоа е многу важно“, рече еден дипломат од ЕУ, додавајќи дека декларацијата со одреден датум за пристапување нема да биде прифатена.

Весникот посочува дека односот на ЕУ кон регионот дополнително се комплицира со фактот што пет земји членки, Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија, не го признаваат Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година.

Во пресрет на самитот, актуелната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен, го посети регионот и ја повтори својата поддршка за влез на земјите во Унијата.

Политичарите во регионот на ова прашање гледаат со голема фрустрација, додека апетитот за понатамошно проширување е мал во многу од поголемите земји членки на Унијата, наведува весникот.

Европската комисија им укажа на националните влади дека „што е можно поскоро“ треба да се постигне напредок со Албанија и Северна Македонија, пишува  Фајненшл тајмс.

„Ова не е одлучувачки Самит, ова е политички самит посветен на Западен Балкан… Јас верувам дека со соодветни формулации на реченици со конкретни гестови, ќе се испрати порака за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и ќе биде јасна“, рече вчера Заев и додаде:  „Изјавата на мојот колега, премиерот Јанев ја прифаќам како добра, позитивна порака. Во среда во Словенија ќе имаме состанок со претседателот Радев, заедно со високите претставници на ЕУ, премиерот Јанша, присутни на самитот ќе бидат канцеларката Меркел, претседателот Макрон и многу други европски лидери и ќе потврдиме дека тоа е патот“.