Светската ракометна федерација (ИХФ) го затвори списокот на учесници на следното Светско првенство, кое што во јануари 2023 година ќе се одржи во Полска и Шведска. На последниот состанок на извршниот комитет на ИХФ беше донесена конечна одлука кои две селекции ќе ја добијат посакуваната „вајлд-карта“ за пласман на планетарниот собир. „Среќници“ се селекциите на Холандија и Словенија.

Словенија и Холандија ќе добијат место во последниот шешир при ждрепката која што е закажана за на втори јули. Нашата селекција преку баражот обезбеди нов учество на Мундијалот и в сабота своите противници ќе ги чека од вториот шешир.