Словенија го одобри лекот против корона „лагеврио“

85

Словенија денеска го одобри лекот „лагеврио“ против коронавирус,  познат и како „молнупиравир“.Словенечкиот национален етички комитет смета дека лекот носи значителен напредок во борбата против пандемијата на коронавирус, бидејќи спречува тежок ковид-19 или смрт, пренесува агенцијата СТА.

Европската агенција за лекови (ЕМА) го препорача овој лек за лекување на коронавирус на 19 ноември, иако се уште не е регистриран.

Оралниот антивирусен лек, развиен од „Merk“ во соработка со „Ridgeback Biotherapeutics“, е наменет за третман на коронавирус кај возрасни.

ЕМА советува да не се лекуваат бремени жени или жени кои планираат бременост.

Овој лек, како што е наведено во препораката на ЕМА, треба да се зема пет дена по појавата на симптомите на коронавирус или што е можно поскоро по позитивен резултат од тестот.

Словенечкиот национален комитет препорачува лекарите да ги информираат подобните пациенти за неговите својства и можните несакани ефекти.

Пациентот кој ќе се согласи на лекување со нов лек треба да ја потпише согласноста, а лекарот да ја парафира до регистрација на лекот, се наведува во препораката.