Словенечките лекари бараат задолжителна вакцинација поради ширењето на варијантата омикрон

29

Лекарите во Словенија предупредуваат дека поради ширењето на варијантата омикрон, состојбата во болниците наскоро би можела да стане алармантна и се залагаат за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19.

Според Министерството за здравство, во болниците има 574 пациенти со Ковид, но епидемиолозите очекуваат поголем пораст на хоспитализирањата за една или две недели и очекуваат варијантата омикрон наскоро да стане доминантна во Словенија, пренесува Хина. .

Владата се уште не одлучила да воведе нови мерки, иако последниве денови повторно е забележан пораст на дневните инфекции.

Премиерот Јанез Јанша предупреди дека најверојатно наскоро ќе бидат потребни нови мерки и „ограничување на некои слободи“, без да прецизира на што конкретно ќе се однесуваат, но додаде дека нема да се воведе ништо што веќе не се применува во некои европски земји.

Досега во Словенија се потврдени 348 инфицирани со омикрон, а треба да се секвенционираат речиси 1.200 карантински примероци за кои постои сомневање дека се инфицирани со истиот сој.