Каталонскиот ракометен гигант Барселона го официјализираше трансферот со словенечкиот ракометен репрезентативец Домен Макуц.  Талентираниот словенечки ракометар стави потписот на договорот до 2024.

Тренерот Чави Пасквал во него гледа играч кој ќе биде надополнување за Лука Циндриќ на позицијата среден бек. Со оглед на тоа што се работи за играч со исти физички предиспозиции може да се очекуваат интересни натпревари.

Макуц е играч кој се појави како кадет во составот на Целје, а во последните две години покажа напредок, а челниците на Барселона веднаш го забележаа и за кусо време го обезбедија неговиот потпис.