Словенечкиот Синдикат на вработените во трговијата бара 500 евра месечен додаток за најзагрозените работници

30

Синдикатот на вработените во трговијата на Словенија, бара кризниот додаток за најзагрозените работници во нивната дејност да се зголеми на 500 евра месечно, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Од синдикатот очекуваат дека сите трговски компании, кои работата за време на епидемијата со коронавирусот, односно маркетите за храна, приватните аптеки, бензинските пумпи, на работниците кои се изложени на ризик да се заразат, да им исплаќаат повисок месечен кризен додаток на платата.

Од таму се надеваат дека оваа група работници и нивните потреби ќе бидат земени во предвид при носењето на вториот антикризен Закон најавен за овој месец.

Извор: МИА