Словенечка компанија парично ги наградува работниците кои ќе се вакцинираат

60
Словенечката фирма „ETI Izlake“, произведувач на електрични направи и опрема, е прва словенечка компанија која се одлучила парично да ги стимулира вработените кои ќе се вакцинирааат против коронавирус.

Вработените и привремено ангажираните лица ќе добијат еднократна парична награда од 70 евра бруто доколку до средина на август докажат дека се вакцинирале.

Одликата на раководството ја подржа и Матеја Логар која е главен инфектолог во стручниот тим на владата, велејќи дека ја поздравува таквата одлука и дека го разбира товарот кој работодавците го претрпуваат поради оние кои заминуваат во карантин или на боледување.

Но, синдикатот на вработените е скептичен, а и некои од работниците велат дека нема да се вакцинираат и дека се против воведувањето на дискриминација меѓу оние кои се вакцинирани и оние кои не се.

-Со ова сакаме со мала финансиска награда да ги стимулираме нашите вработени за вакцинирање и да обезбедиме безбедна работна средина за сите вработени, изјавил генералниот директор на фирмата, Томаж Бергинц.

За парична стимулација за вакцинирање се одлучиле по угледот на некои големи меѓународни корпорации како Сатрбак, Мекдоналдс, Алди, Лидл, кои се одлучиле на ваков чекор.

Иако Словенија во последните неколку недели располага со доволен број вакцини за постигнување на колективен имунитет до средина на летото, некои се сомневаат дека сегашното темпо на вакцинирање е пребавно и дека таа цел владата нема да ја оствари.

За побрзо вакцинирање се залага Логар која предупредува дека бројот на хоспитализирани се уште е висок, и дека четвртина од заболените со Ковид-19 на одделенијата завршуваат на респиратор, иако можеле да бидат поштедени од потежок облик на болеста доколку навремено се вакцинирале, пренесе Индекс.хр.