EPA-EFE/SEM VAN DER WAL

Рекордни 24 трки се во календарот за следната сезона во Формула 1, а на листата на организатори се најде и Монте Карло, иако постоеја стравувања дека легендарната трка би можела да биде исфрлена од натпреварувањето.

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) го одобри календарот за 2023 година во кој првпат се појавува ноќна трка во Лас Вегас, како претпоследна станица, а воедно и трета трка на територијата на САД.

Бахреин, на 5 март, ќе биде домаќин на првата трка во новата сезона, а последната ќе се вози на 26 ноември во Абу Даби.

  • Фактот дека во календарот на Светското првенство во Формула 1 за 2023 година се наоѓаат 24 трки е доказ за ширењето и влијанието на спорот во глобални рамки, изјави претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем.