Слаѓана Тасева, одговорна за клевета направена кон ГСОЛ и Еуроникел Индустри, пресуди Граѓанскиот суд Скопје

53

Претседателката на Здружението Транспаренси интернешнал-  Македонија, Слаѓана Тасева, е одговорна за клевета кон ГСОЛ и „Еуроникел Индустри“, пресуди Основниот граѓански суд Скопје.

Според пресудата, Тасева на прес-конференција одржана на 25 април 2018 година изнела невистинити искази во однос на стечајната постапка на поранешниот комбинат „Фени“, кои се однесувале на ГСОЛ и „Еуроникел Индустри“, со намера да наштети на нивната репутација. Согласно судската одлука, направена е штета по угледот на новиот инвеститор, затоа Тасева се задолжува јавно да ја објави споменатата пресуда во некој од дневните печатени изданија, со цел минимизирање на причинетата репутациска штета. Од друга страна, Судот цени дека нема прекршок од страна на организацијата Транспаренси Интернешнал.

Извор:МИА