Слатки летни радости од плажата: Гоца Тржан легна врз сопругот!

4006

Пејачката Гоца Тржан има само 47 години и супер си изгледа. Пред некој ден сите ги збуни со својата топлес фотографија од плажата во Охрид, а денес е уште пожешка. Гоца со сопругот после Охрид заминаа на одмор во Грција. Таа и сексипилниот Раша во секој момент уживаат јавно во својата љубов, па дури и на плажата.

До толку се опуштија што мислеа дека никој не ги гледа. А, пазачи има од сите страни. Многу љубопитни фоторепортери-аматери. Гоца во еден момент се напали мошне добро, па го откопча горниот дел од костимот за капење и убаво си легна со голи гради врз Рашо како да се во брачен кревет. А, тоа да ти било дека целата плажа е нивна! Ама не е. Сепак, тоа се тие слатки летни радости. Д.М.