Приказни за празничните слатки вкусови: Бастумчиња – неизбежна црвено-бела магија

313

Од раните почетоци до неговата препознатлива форма и боја денес, лижавчето во облик на бастумче е симбол на Божик и потсетник на значењето на празникот.

Пред стотици години шеќерот бил особено скапа состојка за готвење, па дури важел за храна на богатите. Затоа за останатите луѓе, тој бил посебен деликатес чуван само за празници како Божик и Велигден, и други посебни пригоди како свадби и крштевки.

Бонбони како лек за кашлица

Историчарите на храната велат дека бонбоните првично се произведувале за медицински потреби. Оваа идеја е останата денес во форма на бонбоните за грло.

Подоцна бонбоните во најразлични облици, големини и вкусови почнале да се произведуваат за забава. Концептот за употреба на шеќерот како лек најверојатно потекнува од традицијата на муслиманските лекари. Тие потекнувале од култура која знаела како да го ползува шеќерот. Тој шеќер бил скап и егзотичен луксуз, употребуван во медицински цели од страна на суптилните и учени Арапи, и најверојатно ги охрабриле европските средновековни идеи за неговата полза.

Во Европа постоеле најразлични болести за кои шеќерот се сметал за благопријатен лек како настинки, кашлици, инфекции на белите дробови и слично. Бил консумиран во форма на шеќерни кристали, или во форма на мали извртени стапчиња. Оваа традиција преживува најочигледно во американските лижавчиња-бастунчиња, кои се извртуваат на сличен начин и имаат најразлични ароми кои би требало да помагаат при настинки.

Овчарски бастим или првата буква од името на Исус

Потеклото на црвено-белите бастумчиња е поврзано со интересна легенда. Една од најпопуларните приказни е онаа за германски црковен диригент, кој им делел вакви лижавчиња на своите млади пејачи во 1670 година за да бидат тивки за време на долгата црковна миса. Употребата на овие лижавчиња продира во Америка на почетокот на 19-тиот век, кога тие се уште само во бела боја. На овој начин биле прикажувани и на новогодишните честитки. Дури во првите години од 20-иот век тие се појавуваат со своите препознатливи црвени линии.

Исто така, постои и контроверза во врска со потеклото на обликот на овие лижавчиња. Дали е тоа овчарски бастум или првата буква од името на Исус.

Некои велат дека белиот дел од лижавчето ја претставува чистотата на Исус и неговото девствено раѓање. Црвените линии ја претставуваат Божјата љубов. Трите фини линии го претставуваат светото тројство: отецот, синот и светиот дух.

Други велат дека црвената боја ја претставува пролеаната крв од раните што му ги задале римските војници на рацете на Исус.