Слатките страсти во стариот Рим:Полнети урми со јатки и лорберов лист

210

Од многуте нешта што светот ги наследил од стариот Рим, во наследство се останати и славните римски гозби. Многу популарни јадења на современиот свет датираат токму од римските трпези. Меѓу тоа изобилство на медитерански плодови, зачински билки, го издвојуваме рецептот за слатко уживање. Блазе им на оние кои вака го сфаќаат поимот за слатко.

Потребно е

  • 200 г урми
  • 70 г јатки од орев
  • 20 г пињоли
  • 2 лажици грубо сомелен црн пипер
  • 100 г мед
  • Листови лорбер и дрвени стапчиња

Приготвување:
Користете свежи урми, на кои претходно сте им ги извадиле семките и наполнете ги со смеса грубо исечкани или истолчени ореви и пињоли, а потоа измешани со свежо сомелен црн пипер.

Медот загрејте го и во него натопувајте ги урмите, преместете ги на хартија за печење да се исцедат малку, малку посолете ги, па нанижете ги на стапчиња за раженчиња, и помеѓу секоја нижете од листовите лорбер.

Со првиот залак ќе ја вкусите атмосферата на познатите римски гозби.