Слатка овошна пица: Ако не сте пробале, време е!

158

Кој рече дека пицата мора да биде солена? Сè попопуларна е слатката пица со овошје. Многу ја сакаат со нутела крем и банани, а ние ви нудиме рецепт со сезонско овошје. За нејзината подготовка нема да ви биде потребно многу време, а вкусот е фантастичен и освежувачки.

Потребни состојки:

  • 300-400 грама брашно
  • 125 гр путер
  • 5 лажици шеќер
  • прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 200 гр крем сирење
  • 6 лажици шеќер во прав
  • 50 гр бело чоколадо
  • рибизли, боровинки, јагоди, малини, киви и друго овошје по желба

Начин на подготовка: 

Подгответе го прво тестото за пица. Ставете брашно во сад, стопен путер, јајце и шеќер. Замесете тесто и оставете го да отстои половина час во фрижидер.

За тоа време направете го филот. Во крем сирењето додадете го шеќерот и стопеното бело чоколадо. Сите состојки соединете ги со миксер.

Извадете го тестото од фрижидер. На набрашнета површина развлечете го тестото во облик на пица. Ставете го да се пече, а потоа печено намачкајте го со фил, а потоа наредете го обошјето. Оставете да се олади и така служете го.

Уживајте во вксуот!