Слатка на иднината: Луксузен сладолед од инсекти/ФОТО

60
Фото: gourmetgrubb.com

Стартапот од Кејптаун, Gourmet Grubb, се надева дека со својот „луксузен сладолед“, што го изработуваат од EntoMilk, замена за млеко, што се изработува од мелени ларви на црна мува, на луѓето ќе им го приближи светот на гастро деликатесите од инсекти, пишува СиЕнЕн.

Нивниот проект е во рамките на предвидувањата на ОН дека светот во 2050 година ќе мора двојно да го зголеми производството на храна поради растечката светска популација и препораката да се почне со развој на храна од инсекти, бидејќи се добра протеинска замена за месо.

Иако во светот се консумираат повеќе од 1900 видови инсекти, тие се уште не се влезени во гастрономијата на Западот, но затоа од Gourmet Grubb сметаат дека нивниот сладоел може да ги урне тие граници.

„Очекуваме почетна одбивност, но луѓето се отворени за нови искуства, а и сите сакаат сладолед, рекла коосновачот на Gourmet Grubb, Леа Беса.

Сладоледот кој го произведуваат има вкус на чоколадо, путер од кикирики и божиќни зачини, а поради „енто млекото“ има лесени кремаст вкус.