Слаткар прави хиперреалистични колачи, тешко да им се одолее
Лук Винчетини, дваесет и тригодишен слаткар, за разлика од другите мајстори во неговиот занает, не прави обични колачи, туку хиперреалистични колачи, на кои тешко ќе останете рамнодушни. Неговата работа е чиста уметност создавајќи десерти во најнеочекувани облици, како на пример кесичка од Доритос, кутија за јајца, овошје, шоља кафе, па дури и мобилен телефон. Лука работи во познатата Carlo's Bakery во Њу Џерси. За изработка на овие слатки побекогаш му се потребни пшовеќе од 14 часа, но вреди секоја минута!