Сладолед-сендвич, најосвежителната слатка ужинка

63

Време е за ужинка – зошто да не се освежете со необичен сендвич. Овој рецепт нема конкретни упатства за состојки и количество ниту насоки за подготовка. Количината и вкусот зависат од вас.

Сигурно во домашните залихи имате кутија од омилените бисквити и кутија недојаден  сладолед – таман за да си направите освежителен десерт.

Направете сендвич од сладоледот и два бисквити и од страните натопете ги во шарени или чоколадни трошки, кокос, дробени лешници …

Замрзнете ги на подавалник убаво да се стврднат и уживајте.

Ако ви треба десерт за гости, многу лесно на сличен начин можете да направите и торта.