Во текот на летните денови, кога тешко се поднесуваат жештините, сладоледот е нешто што мора да го имаме во својот фрижидер, за да се освежиме и да ги разбудиме нашите сетила.

Ова е едноставен рецепт за освежувачки сладолед од манго

Се што ви е потребно е:

1/3 густ јогурт

лажичка екстракт од ванила

2 1/2 шолји ситно сецкано манго

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и матете ги додека добро не се соединат.

Смесата ставете ја во калап и во замрзнувач добро да се стегне, а потоа послеужете го сладоледот со декорација од свежо овошје.