Легендарниот оперски пејач Пласидо Доминго е хоспитализиран во Акапулко во Мексико поради компликации предизвикани од коронавирус, соопшти портпаролот на пејачот.

-Тој закрепнува добро и реагира на третманот, изјави портпароот за Си-ен-ен.

Домнго минатата недела објави на неговата Фејсбук страница дека се тестирал и неговиот тест бил позитивен на коронавирус. Ги поттикна неговите фанови да ги мијат рацете и да ги следат препораките и уредбите на локалните власти.

-Заедно можеме да се избориме со овој вирус и да ја сопреме пандемијата, па се надевам дека наскоро ќе моеме да им се вратиме на нормалните животи, напиша Доминго.

Шпанскиот тенор Пласидо Доминго (79) лани си даде отказ од местото генерален директор на операта во Лос Анџелес откако беше обвинет за сексуално вознемирување.

Извор: Си-ен-ен