Британски актер, сер Мајкл Кејн во отворено интервју најави дека се повлекува од актерството и дека на 88.години за него веќе нема улоги.

Легендарната филмска ѕвезда гостуваше на Би-би-си Радио 5 за промоција на најновиот филм Best Sellers.

Кејн истакна дека овој филм е неговото последно дело напоменувајќи дека веќе тешко се движи поради возраста.

„Не постојат баш многу сценарија за главен актер со 88 години“, рече Кејн.

„не сум работел две години и имам проблем со карлицата што влијае на моите нозе, па не можам да одам добро“, откри славниот актер.

Тој во последните години се посвети на пишување на своите мемоари и објави две книги – The Elephant In Hollywood (2010) i Blowing The Bloody Doors Off (2018).

Сер Мајкл кејн дебитираше во филмот A Hill In Korea во 1956 година. Во текот на 60-те години имаше неколку успешни филмски остварувања вклучувајќи ја и драмата Alfie која му ја донесе првата номинација за Оскар.

Потоа се појави во култниот филм The Italian Job заедно со Ноел Кауард и Бени Хил.

Својот прв Оскар го освои во 80-те за филмот на Вуди Ален, Hannah And Her Sisters.

Публиката ја воодушеви со улогите во хит филмовите како трилогијата за  Бетмен во која го глуми верниот батлер Алфред.

Неговиот последен филм Best Sellers е снимен непосредно пред пандемијата со коронавирусот да го зафати светот, а минатиот месец конечно беше пуштен во јавност.