Едни од најпопуларните пејачки кои беа неразделни последниот месец се заразени од коронавирусот, кој зазема сè поголем замав и кај естрадните личности, но и кај сите други граѓани. Поточно Милица откако раскина, а Славица се разведе, тие уште повеќе се зближија, но и  сега се заедно  во самоизолација и ги почитуваат сите мерки за нивно побрзо оздравување.

Пејачката Славица Ќуктераш не се чувствувала  добро неколку дена, па решила да се тестира на ковид-19 и тестот покажал позитивен резултат, потврдил ПР-тимот на пејачката за republika.rs.

–  Точно е, Славица е позитивна на коронавирусот. Ги презема сите потребни мерки, а моментално секојдневно прима инфузии бидејќи не се чувствува најдобро. Секако, се надеваме дека сè ќе биде во ред и дека наскоро ќе се врати на работа поспремна од кога и да е, порача нејзиниот ПР-тим.

Славица Ќуктераш
Милица Toдоровиќ / Фото: ФБ

–  Јас го направив тестот кога го направи и Славица, затоа што бевме заедно последниве неколку дена и тестот покажа дека сум позитивна. До вчера се чувствував добро, и не знаев дека имам коронавирус, но сега веќе почнав да го чувствувам првиот симптом-температура. Јас сум во домашна изолација, заедно со Славица, се придржуваме кон сè што ни препиша лекарот и ќе биде така сè додека не се чувствуваме подобро и тестот покажува дека сме негативни, рече Милица.