Силата на природата е серија скулптури од уметникот Лоренцо Квин кои прикажуваат жена како го врти светот обвиен со парче ткаенина.

Жената, веројатно Мајката Природа, е изложена на налет од ветер кој ѝ ја носи облеката и косата.

Од секоја од овие инсталации произлегува силно чувство на движење, а секоја од скулптурите е чин на исклучителна рамнотежа помеѓу Земјината топка и онаа што ја управува.

Овие скулптури се поставени на различни места во светот – од Англија и САД, до Монако и Сингапур. Секоја од нив е надреална презентација на ротацјата на Земјата низ персонифицираната сила на природата.

 

Извор