Скулптурата „Го сакам Гостивар“ од денес во бои на есента

108

Скулптурата „Го сакам Гостивар“ од денеска е обоена со мотиви и во бои на есента. Активноста ја спроведуваат неколку средношколци во соработка со локалната власт, УНДП и авторот на делото Бурхан Ахмети.

– Ние се придруживме на оваа идеја и ја поддржавме заедно со УНДП и авторот за да му дадеме една друга димензија на овој своевиден споменик на градот. Се надевам дека за оваа прилика новиот изглед и креацијата ќе се вклопат во амбиентот на годишните времиња кои ни престстојат-изјави градоначалникот Арбен Таравари кој помагаше во редизајнирањето на склуптурата.

Скулптура со латинични букви од името на Гостивар беше поставена во август годинава на самиот влез од градскиот парк, непосредно до судската зграда. Таа е составена од седум букви и едно срце и е изработена од бетон.

Авторот на идејата и делото ликовниот уметник Буран Ахмети, смета дека менувањето на дизјанот е предвидено и на тој начин ќе се испраќа порака и ќе се подига свеста кај граѓаните за време на кампањи и празници.

– Ова е прва иницијатива и се надевам дека на соодветен начин ќе се прави и во иднина. За овој пат се решеивме да ја најавиме есента. Од предната страна ќе работиме во колажна техника со хартија и ќе ставиме мотиви на есента. Задниот дел ќе биде обоен во црвена боја. Сметам дека ова е своевидно освежување на овој склуптура – обележје на градот-истакна Ахмети.

Новото и модерно обележје на градот според димензиите е монументално, бидејќи секоја букава е висока два метра. Поставувањето е на иницијатива на Здружението за уметност и култура „Силиндарт“. Поставуавњето на вакво обележје, локалната власт го образложи со идејата, посетителите да го фотографираат и стават во нивните фото албуми и на тој начин понесат спомен од градот.

Формата ќе биде трајна, но изгледот на скулптурата ќе се менува, зависно од приликите, а на буквите ќе се испишуваат уметнички пораки при одбележување на некој празник.