По две години во дресот на македонскиот ракометен шампшион Вардар, Словенецот Сташ Скубе ќе го облече дресот на белорускиот шампион Мешков Брест.

Според сите реномирани ракометни портали Словенецот веќе го ставил потписот на двегодишен договор со белорускиот тим .

Скубе пристигна во Скопје од екипата на Пик Сегед, а претходно настапуваше за Горење Велење и Трим Требње.

Заедно со Вардар, искусниот среден бек го постигна најголемиот успех во кариерата, победувајќи на завршниот турнир во Келн минатата сезона.