Полека се комплетираат патниците во осминафиналето од Лигата на шампионите, а победниците во групите директно ќе се пласираат во четвртфиналето. Дванаесеттото коло на најсилното клупско натпреварување во Европа ги вреднува најдобрите на секоја позиција, а вардарци не се исклучени и во овој избор.

Средниот бек Сташ Скубе се најде во идеалниот тим, каде место имаше за уште двајца поранешни вардарци, Душебаев и Кањељас.

Идеален тим на 12. коло на Лигата на шампионите: Голман: Андреас Волф (Киелце), Лево крило: Хуго Дескат (Монпелје), Лев бек: Јоан Кањељас (ПИК Сегед), Среден бек: Сташ Скубе (Вардар), Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце),

Десно крило: Мариус Штајнхаузер (Флензбург), Кружен напаѓач: Хендрик Пекелер (Кил)

До крајот на групната фаза Вардар гостува во Порто и го пречекува Монпелје во Скопје.